Навлажнувач на воздух Philips HU3918/10
Навлажнувачот на Philips одржува оптимално ниво на влажност во просторијата со 99% помалку бактерии во споредба со ултразвучните навлажнувачи.
Кое е оптималното ниво на влажност во вашиот дом?
Оптималното ниво на влажност варира од 40 до 60%, намалувајќи ги здравствените проблеми предизвикани од сувиот воздух. Нашите навлажнувачи ви овозможуваат да изберете помеѓу 40, 50 и 60% за максимална удобност.
Отстранете го сувиот воздух во домот
Во текот на зимската сезона, парното и другите уреди за греење го сушат воздухот. Во текот на летото тоа се случува заради клима-уредите.
Апаратот на Philips за навлажнување на воздухот ви помага да го одржувате идеално нивото на влажност во домот и да спречите појава на надразнување на носот, грлото или очите.
Дишете чист воздух, со 99% помалку бактерии
Технологијата NanoCloud на апаратите за навлажнување на воздухот користи тристепен систем за навлажнување на воздухот.
Прв степен: Првиот филтер за апсорбирање ги дофаќа големите честички прав, влакна или крзно од домашни миленичиња.
Втор степен: Технологијата за навлажнување на воздухот распрскува молекули вода во воздухот, но без бактерии.
Трет степен: Чистиот и навлажнет воздух се ослободува од апаратот со постојана брзина со што овозможува чист и влажен воздух без водени дамки во домот.
Без бел прав и водени дамки
Молекулите од вода, создадени со помош на NanoCloud, имаат многу мала големина, за да можат да пренесуваат бактерии. Тоа значи дека NanoCloud ослободува до 99% помалку бактерии од ултразвучните апарати за навлажнување на воздухот.
Молекулите NanoCloud рамномерно се распрскуваат во околината за разлика од ултразвучните апарати за навлажнување на воздухот, што не ги распрскуваат молекулите од вода и предизвикуваат водени дамки на подот. Исто така, воздухот што го распрскуваат ултразвучните апарати за навлажнување на воздухот содржи прав и масни честички од резервоарот за вода на апаратот. Со технологијата NanoCloud на Philips водата во апаратот прво се прочистува пред да биде распрскана во околината.
Одржувајте оптимално ниво на влажност на природен начин
Што мислите, какво е нивото на влажност во вашата соба или во собата на вашето бебе? Идеалното ниво е помеѓу 40% и 60%. Тоа ја спречува појавата на бактерии и мувла.
Технологијата NanoCloud го детектира воздухот и го одржува постојано нивото на влажност. Сè што треба да направите е да изберете помеѓу 40%, 50% и 60%. Или, изберете автоматски режим на апаратот што ќе се погрижи за сè.
Како работи технологијата NanoClean?
- Природниот процес на испарување обезбедува оптимални резултати.
- Помало ширење на бактерии во воздухот.
- Спречување на влажни дамки и бел прав на подот.
- Нашата технологија VitaShield IPS ја користи силата на природното прочистување на воздухот за дофаќање на загадувачите на воздухот во затворен простор — без генерирање озон или секундарни загадувачи во текот на процесот. Воздухот поминува низ повеќеслојни филтри од висока класа, вклучувајќи го активниот јаглен за намалување на гасовите и миризбите и филтер HEPA, што ги филтрира 99,97% од честичките во воздухот со големина до 0,3 микрони. Ова ги вклучува цветниот полен, правот, грините, првутот од домашните миленичиња и спорите од мувла.
- Не работи со топла вода, туку со обична вода од чешма.
Пронајдете го најдобриот навлажнувач на воздух за вас
за другимодели
Philips навлажнувач на воздух
HU3918/10 |
Philips навлажнувач на воздух
HU3916/10 |
Philips навлажнувач на воздух
HU2716/10 |
Philips навлажнувач на воздух
HU2718/10 |
|---|
Препорачана големина на просторија |
|||
|
До 45 м2 |
До 45 м2 |
До 32 м2 |
До 32 м2 |
Технологија |
|||
|
Nanocloud |
Nanocloud |
Nanocloud |
Nanocloud |
Стапка на навлажнување |
|||
|
300 мл/ч. |
300 мл/ч. |
200 мл/ч. |
200 мл/ч. |
Автоматска поставка за навлажнување |
|||
|
40%, 60% |
40%, 60% |
40%, 60% |
40%, 60% |
Режими |
|||
|
Ултративко за мирен сон во текот на ноќта |
Ултративко за мирен сон во текот на ноќта |
Ултративко за мирен сон во текот на ноќта |
Ултративко за мирен сон во текот на ноќта |
Ниво на врева (silent mode) |
|||
|
33 dB |
33 dB |
34 dB (A) |
34 dB (A) |
| Купи од Сетек | |||
* Препорачана цена на мало. Секој трговец на мало си определува своја сопствена цена.
Одржување на филтерот
Одржувајте го вашиот навлажнувач во добра состојба според инструкциите во упатството за употреба.