Прочистувачи и навлажнувачи на воздух 2-во-1 на Philips од серија 3000(i)

за средни до големи простории во вашиот дом

Серијата 3000(i) ги отстранува 99,97% од алергените во воздухот и ги филтрира честичките со големина до 0,003 микрони за прочистување на воздухот во вашиот дом. А во исто време го навлажнува воздухот за отстранување на неудобноста предизвикана од сувиот воздух – од сушење на кожата, јадеж во очите, кашлање, затнување и сушење на грлото.

  • Го прочистува воздухот и ја одржува влажноста идеална во простории до 80 м2.
  • Отстранува полен, алергени во воздухот и ултрафини честички со големина до 0,003 микрони.
  • Автоматско одржување на вашето избрано ниво на влажност.
  • Прикажување на визуелна повратна информација во реално време, за следење на квалитетот на воздухот и нивото на влажност.
  • Тивка работа за мирен сон во текот на ноќта
 

Прочистувач и навлажнувач во едно

Повеќеслојниот систем за филтрирање на прочистувачот за воздух на Philips е една од причините за неговата ефикасност. Прво претфилтерот ги отстранува големите честички, а потоа филтерот со активен јаглен ги отстранува миризбите и испарливите органски материи. На крајот, HEPA филтерот ги отстранува ултрафините честички со големина до 0,003 um, вклучувајќи ги и PM 2,5, правот, грините, најчестите алергени, бактериите и вирусите.* Ова резултира со извонреден систем на филтрирање што обезбедува почист воздух.

Супериорно отстранување честички и гасови

Дали знаете дека воздухот во затворен простор може да биде загаден од 2 до 5 пати повеќе од надворешниот воздух? Загадувачите, алергените во воздухот, миризбите, испарливите органски материи, бактериите и вирусите секогаш се составен дел од вашиот дом. Нашата технологија за активно филтрирање Vitashield IPS отстранува честички со големина до 0,03 микрони што значително го намалува вашето изложување на загадувачи и алергени.

Чист воздух со NanoCloud

Технологијата NanoCloud го користи природниот процес на испарување за додавање на водени нано-молекули во воздухот. Овие молекули се толку мали, што распрскуваат 99% помалку бактерии во споредба со водечките ултразвучни навлажнувачи, а во исто време спречуваат создавање на влажни дамки и бел прав. Интелигентната контрола овозможува автоматска поддршка на вашето лично избрано ниво на влажност во внатрешниот простор.

Контрола на квалитетот на воздухот

Серијата 3000(i) веднаш ве информира за квалитетот на воздухот во просторијата со професионална прецизност. Технологијата AeraSense користи патентирани сензори за следење на квалитетот на воздухот во реално време. Дигиталниот приказ и светлечкиот прстен во боја овозможуваат моментална повратна информација за квалитетот на воздухот во просторијата исто како и за влажноста. Сината светлина означува дека квалитетот на воздухот е на здраво ниво.

Лесно одржување

Одржувањето на ефикасноста е брзо и едноставно со серијата 3000(i). Тампонот и претфилтерот за навлажнување се вадат лесно и се плакнат под млаз вода од чешма. Предупредувачките светилки ви кажуваат кога е време за чистење на претфилтерот или кога треба да се заменат филтерот True HEPA и филтерот со активен јаглен.

Поврзано решение [опција само за серијата 3000(i)]

Апликацијата Air Matters работи без проблем со серијата 3000(i) со што ви овозможува контрола преку смартфон со достапни информации во реално време и совети во однос на квалитетот на воздухот во затворен и отворен простор.

Пронајдете го најдобриот прочистувач на воздух за вас

за други
модели

Philips прочистувач и навлажнувач на воздух 2-во-1

Серија 3000i

39 999 ден.*

Препорачана големина на просторија

До 80 м2

CADR (испорака на чист воздух)

310 м3/ч.

Стапка на навлажнување

600 мл/ч.

Повратна информација во реално време за квалитетот на воздухот

Нумерички

Ниво на врева (sleep mode)

Ултративко за мирен сон во текот на ноќта

Контрола и следење на квалитетот на воздухот преку апликација

Да

Купи од Нептун Купи од Сетек
 

Прочистувачи и навлажнувачи на воздух 2-во-1 на Philips од серија 3000(i) за средни до големи простории

  • Го прочистува воздухот и ја одржува влажноста идеална во простории до 80 м2.
  • Отстранува полен, алергени во воздухот и ултрафини честички со големина до 0,003 микрони.
  • Автоматско одржување на вашето избрано ниво на влажност.
  • Дигитално прикажување на повратна информација во реално време, за следење на квалитетот на воздухот и нивото на влажност.
  • Тивка работа за мирен сон во текот на ноќта